Шилегов набавува урбана опрема по рекордно висока цена. Клупата во вредност од 500 евра е помало изненадување од јавната набавка на чешми за вода во вредност од 1.500 евра. Градоначалниците на Скопје на чело со Шилегов склучуваат договори за јавни набавки во кои цените на иста урбана опрема, со иста тендерска спецификација варираат од година во година, обвинува Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
-Ако го отворите системот за јавни набавки ќе се забележи дека Шилегов во 2019-тата година извршил јавна набавка на чешми за вода чија единечна цена била 69.000 денари, додека во 2020-та и 2021 година чешмата веќе чини 89.000 денари. А, станува збор за идентична чешма, со исти карактеристики како онаа која пред две години била 20.000 денари поевтина.На Град Скопје му недостигаат многу работи и во економска криза начинот на кој Шилегов ги троши народните пари се доказ за неспособноста и нерационалното располагање со градската каса. Шилегов нема долгорочна стратегијата за одржлив развој во нашиот град. Затоа бројките говорат дека Град Скопје има зголемување на долгот за осум пати повеќе од кога градоначалник е Шилегов. Капиталните инвестиции за Шилегов се мисловна именка, но затоа чешмите во вредност од 1.500 евра се она што го добиваат скопјани, истакна Митева