Граѓаните и во најновата анкета јасно покажуваат дека не се задоволни од работата на градоначалниците во општините каде живееат.

Анкетата покажа дека граѓаните на Македонија имаат ниска доверба во нивните локални претставници пред изборите што се очекува да се одржат во октомври.

Најновото национално истражување во Македонија од страна на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) покажува дека 53 проценти од испитаните граѓани на прашањето дали би го поддржале градоначалникот на нивната општина за повторно да биде избран, рекле дека би требало да се избере друг кандидат.

Граѓаните во анкетата која во целост може да ја прочитате ТУКА, загриженост покажуваат во врска со темпото на пристапување кон Европската унија и ги идентификуваат невработеноста и КОВИД-19/достапност на вакцини како два најголеми проблеми во земјата.