Русија ги поддржува сите иницијативи кои можат да го поттикнат дијалогот меѓу Брисел и Москва, откако такви предлози пристигнаа од лидерите на Европската унија.

– Позитивно оценуваме такви иницијативи. Рускиот претседател Владимир Путин го поддржува создавањето механизам за дијалог и контакти меѓу Брисел и Москва, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Претходно, германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Европската унија треба да побара директен дијалог со Русија, а бројни медиуми денеска објавија дека ЕУ може да разгледа формат за евентуален самит меѓу лидерите на Унијата и рускиот претседател.