Во текот на вчерашниот ден, при акциска контрола на територијата на Македонија, се санкционирани вкупно 156 мотоциклисти, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што стои во соопштението од МВР, од нив, 33 возачи управувале мотоцикл без да поседуваат возачка дозвола, односно потврда за положен возачки испит, 5 мотоцикли биле нерегистрирани, 102 мерки се преземени за неносење заштитна кацига, а 26 мотоцикли се исклучени од сообраќај.
Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Битола – 28, потоа на територијата на СВР Скопје – 22 и по 21 на териториите на СВР Тетово, СВР Велес и СВР Струмица.
Од МВР напоменуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.