Зоран Заев е синоним за лага. Тој без срам денес ги повторува истите лаги од изборите во 2016 година, па дури и ги дополнува, овој пат со намера да ги изманипулира граѓаните во пресрет на референдумот. Да стоеше овој човек на зборот досега ќе реализираше некој од ветените проекти или барем ќе останеше доследен на изјавите дека нема да го менува уставното име на државата додека дише македонски воздух и дури се колнеше во своите деца и родители.
СЕ што кажа – излажа.
После половина мандат тој се уште ЌЕ ги зголеми платите на лекарите на 100 илјади денари, просечната плата ЌЕ ја направи 500 евра, ЌЕ покачи социјалната помош, ЌЕ изгради 600 километри автопат, ЌЕ го направи лекувањето бесплатно, а здравството подобро, ЌЕ обезбеди вработување на сите дипломирани млади, ЌЕ прави поврат на ДДВ колку една плата за секое семејство на крајот на годината и така по ред повторувајќи ги истите лаги на кои се базира неговата ЌЕ влада.
Граѓаните видоа дека е неспособен и некадарен да води влада. Единствено успешно што знае да прави е да води криминален картел кој ќе дели тендери на партиски блиски фирми, а патем ќе ја задолжува државата за да ги покрива овие сомнителни бизниси.
Самиот факт што организира партиски настани со народни пари на кои не собира ни стотина граѓани, покажува дека граѓаните ќе му го дадат одговорот многу скоро на овој референдум. 30-ти Септември ќе биде крајот на кариерата на Заев, кога и Македонија и граѓаните ќе се ослободат од неговата штетна политика и по економијата и по стопанството, но и по националните и државните интереси.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните да се приклучат на сенародниот протестен марш кој ќе се одржи утре во Кичево со почеток во 13 часот на кој јасно и гласно ќе му покажат на Заев и криминалниот картел околу него дека не се согласуваат со нивната погубна политика која ја уништува секоја сфера во државата.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ