Во текот на вчерашниот ден во Скопје санкционирани се 173 возачи од кои 44 возеле со брзина поголема од дозволената.
Полициските службеници санкционирале и 20 возачи кои возеле под дејство на алкохол и 19 возачи кои возеле без возачка дозвола. Мерки се преземени и против 10 возачи на мотоцикли.
Изречени се и пет санкции за управување на технички неисправни и нерегистрирани возила, шест санкции за некористење сигурносен појас, осум за користење мобилен телефон при управување возило…