СДСМ без трикови да опстои на ставот за поддршка на Резолуцијата со која се гарантираат црвените линии на Македонија, се истакнува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Соопштението го објавуваме во целост:
Резолуцијата ги штити црвените линии на нацијата и е плод на ставот на јавноста, МАНУ, УКИМ.
Резолуцијата е првиот македонски документ кој претставува консензус на јавноста околу националните линии, и како таква треба да биде почитувана од сите политички чинители.
Очекуваме од СДСМ да го одржи ветеното и да ја поддржи Резолуцијата а потоа и да ја почитува, без да се обиде низ собраниски процедури да ја осуети.
Време е за одговорен пристап. Време е за Македонија за сите луѓе!