Кејот 13 Ноември и забетонираните дрва го свртеа вниманието на неколкуте стотина метри кои се градежна зона во строгиот центар на градот. Освен бетонот околу дрвата, беа објавени и фотографии на распукани плочки кои се новопоставени, што е за изненадување, бидејќи цената на целиот тендер за реконструкција е над 88 милиони денари или 1.5 милиони евра што подразбира дека не би требало да биде проблем квалитетот на самите материјали.
Советникот од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на градот Скопје Луке Галески во изјава вели дека забетонираните дрва на Шилегов на Кејот 13 Ноември се само едната страна од приказната, другата вистина која е многу подлабока е практично самиот тендер, или материјалот кој се употребува, нивниот квалитет, како и цените од самиот договор кој речиси достигнува 1.5 милион евра за неколку стотина метри поплочување, што отвора прилично многу сомнежи, пренесува Нетпрес.
Луке Галески
Пукаат плочките, но институциите треба да проверат дали пука и цената на партерните плочки кој се поплочуваат, а која доколки се направи едноставно истражување ќе се види дека е за неколку пати поголема од таа која се продава на пазарот, вели Галески.
Инаку во тендерската документација стои дека плочките се околу 4 700 денари за квадратен метар, додека на пазарот поскапите плочки се продаваат за цена од 10 евра за метар квадратен. Оттука се поставува прашањето за огромната разлика во цените од 10 евра пазарна вредност до над 70 евра метар квадратен колку што е цената на плочките на кејот.
Галески вели дека од друга страна веројатно ќе ги има овој кеј и најскапите светилки во Скопје од 5800 денари една светилка, или низа други работи кои отвораат сомнеж целата работа темелно да се испита.
Има тендери и кои доколку се погледнат целосно не се спорни, но доколку се погледаат поединечните цени ќе се видат прилично многу спорни работи и нелогично високи цени. И она што е најспорно е што граѓаните добиваат проект кој согурно за неколку години, а во овој случај и неколку месеци мора пак да биде предмет на реконструкција. Во трката за создавање на перцепција дека се реализираат ветени проекти се прават набрзина склопени проекти кои не говорат за темелен пристап, туку за импровизации. Тие импровизации скапо чинат, вели Галески.
Инаку Нет Петрес направи истражување кое говори дека фирма изведувач на Кејот е „Спектартермо“ од Скопје, за која има многу државни тендери од владини институции.