На подрачјето на Град Скопје изминиатиот викенд се случиле 31 сообраќајна незгода од кои 13 се со материјална штета, а еден пешак се здобил со тешка телесна повреда.

Како што соопшти СВР Скопје, санкционирани биле 216 возачи, а исклучени од сообраќај 104. Од исклучените возачи 29 управувале под дејство на алкохол, 38 управувале со автомобил пред да се стекнат со право на возачка дозвола, а 30 возачи управувале нерегистрирани автомобили.

„Пајакот“ кренал 105 возила, а биле издадени 153 казни за непрописно паркирање.