На денешното судење за случајот „Меѓународен сојуз“. Бојан Јовановски откри нови моменти од дружењето со обвинителката Вилма Русковска со која имал интензивна комуникација и биле добри пријатели, пренесуваат неколку медиуми моменти од денешното судење за овој случај.
Нивната комуникација била на „Ватсап“ а пораките Јовановски ги достави на УСБ. МЕѓу нив и пораката со која Рускоска го информирала Боки дека тој ден ќе го апсат поранешниот градоначалник на Карпош Стевче Јакимовски и да прати екипа на 1 ТВ.
По ова претседателката на судечкиот совет Софче Гаврилова Ефремовска го предупреди Јовановски дека прво треба да се предадат и одобрат доказите, а потоа да се изнесат.