Во мај годинава, на сајтот на Американската академија на педијатри, „Здравје за децата“ се појави „едукативен текст“ за САРС КОВ 2 вирусот и за Ковид 19, во кој се истакнува дека е неопходно децата да се вратат во градинките и училиштата, но и дека сите над 2 две години треба да носат маски, со ретки исклучоци.

Пред четири дена, Академијата на педијатри го повтори ставот, и тоа беше пренесено од клучните медиуми во САД. Тоа би значело дека ако го оставите дететото во градинка во 8 часот наутро, а го земете во 16 часот, тоа би поминало осум часа со маска.

Фокс Њуз, чии прилози и емисии главно имаат строго опозициона содржина, а чии прилози неколку пати ги пренесовме на страниците на Денешен.мк, го пренесе и ставот на главниот епидемиолог во САД, д-р Антони Фаучи, кој вели дека се согласува со тој став на Академијата на педијатри и тоа е тоа што ја прави приказната неверојатна.

Фаучи во меѓувреме е обвинет дека го финансирал создавањето вештачки вируси во лабораторијата во Вухан во Кина од каде тргна епидемијата и дека е сосема реално дека САРС КОВ 2, кој уби 600 000 Американци, 4 милиони луѓе во светот, а меѓу нив и околу 5 500 Македонци, е вештачки вирус кој е издвоен од природата, а потоа со американски пари е овозможено тој да се пренесува меѓу луѓето, за што во Денешен пишувавме во повеќе наврати.

Исто така, сенаторот Ранд Пол, изминатите денови, се обратил до Министерството за правда на САД, барајќи Фаучи да биде кривично гонет затоа што лажел во Конгресот при сослушувањето во врска со 3-те илјади негови службени мејлови кои беа објавени.

Во продолжение, ви го пренесуваме транскриптот од разговорот на водителката на Фокс Њуз со сенаторот Тед Круз во врска со согласноста на Фаучи децата над две години да носат маски, со тоа што водителката вели дека тоа се однесува на децата над 3 години, но веројатно е некоја забуна од нејзина страна:

ВОДИТЕЛ: Американската академија на педијатри препорачува, сите деца на возраст од три и повеќе години да носат маски во училиштата и градинките, независно од нивниот вакцинален статус. Д-р Антони Фаучи вели дека се согласува со тоа.

ФАУЧИ: Мислам дека во Американската академија на педијатри седат умни луѓе, тие ја анализираат ситуацијата и ако тие мислат дека така треба да се постапи, тогаш тоа е разумно да се стори!

ВОДИТЕЛ: Сенаторот Тед Круз од републиканската држава Тексас веќе одмавнува со главата. Да го чуеме вашето мислење:

КРУЗ: Знаете, во еден момент, Фаучи стана жива карикатура на саботната вечер. Доста веќе со забрани. Видете, Ковид 19 е сериозна болест и се однесуваме кон нејзе сериозно. Вакцините се важни, Јас сум вакциниран, сопругата е вакцинирана, нејзините родители се вакцинирани, моите родители се вакцинирани, но гледаме владин напор вакцините да бидат задолжителни, сакаат повторно да воведат заклучувања, сакаат повторно да воведат задолжително носење маски… Заклучувањата беа колосална грешка и се покажаа непродуктивни… тие ги уништуваат животите, го уништуваат бизнисот, а задолжитеното носење маски нема разумна смисла… Минатата година, во јавните настапи и мејловите, Фаучи велеше дека маските не помагаат, сега вели дека сите, дури и вакцинираните лица, треба да носат маски. Тоа навистина нема смисла.

Инаку, препораката на ААП децата над две години да носат маски, можете да го прочитате на овој линк.

Но, една работа е носењето маски по осум часа на децата од две и повеќе години. Друга работа е што овој случај покажува како се лаже и манипулира во медиумите во САД, а во овој случај улога има и „славната“ Си-Ен-Ен.

Имено, изјавата на Фаучи во прилогот на Фокс Њуз е извадена од прилог на Си-Ен-Ен во траење од околу четири минути, во кој водителката на Си-Ен-Ен, која очигледно не разбира многу, го прашува Фаучи за ставот на Академијата велејќи дека таа препорачува маски да носат децата над 12 години, што е лага (на овој линк е тој прилог на Си-Ен-Ен, и ако забележите, во писмената најава на прилогот од страна се вели дека станува збор за деца над 2 години). Ставот на ААП се однесува на деца над 2 години, во што можете да се уверите од препораката на ААП чиј линк ви го пренесуваме неколку реда погоре на оваа страница на Денешен.мк, а не на деца над 12 години, иако и тоа е сосема спорно.

НАЈАВАТА НА ПРИЛОГОТ НА СИ-ЕН-ЕН: Во иста реченица спојуваат одење на училишта и деца на возраст од две години, додека во барањето на ААП точно се зборува за деца кои одат на училиште но и деца кои се во установи за нивно чување, односно градинки. Грешка? Не би рекле

Но, ако утре некој се повика на изјавата за Си-Ен-Ен и го обвини Фаучи дека поддржува носење маски и на деца од две години, а тоа се покаже непопуларно, неговиот одговор ќе биде дека тој бил прашан за деца над 12 години, иако ставот на ААП не се однесува на тоа (за волја на вистината, во прашањето до Фаучи е вметнат и вакциналниот статус на децата, а тука може да станува збор само за деца над 12 години), а не за деца над 2 години.

Сепак, без оглед на тоа дека Фаучи е прашан за ставот на Академијата што се однесува на деца над 2 години, а во истото прашање вметнат е вакциналниот статус на децата, а тоа се однесува на деца над 12 години (што покажува дека или водителката е благо речено не баш многу умна или дека манипулира), Фокс Њуз ја вади изјавата на Фаучи без да го пушти и прашањето на „плавушата“ од Си-Ен-Ен, колку и да тоа нема врска едно со друго. Па така, излегува дека Фаучи се согласува со носењето на маски на деца од 12 години одобрувајќи го на тој начин ставот на ААП кој се однесува на носење маски на деца од две години и повеќе. И така…