МВР секојдневно објавува бројки на казнети возачи и други учесници во сообраќајот во Македонија. Подолу го објавуваме вчерашниот билтен на казнети од акциите на сообраќајната полиција низ Македонија:

За брзо возење санкционирани 52 возачи на подрачјето на Крива Паланка

Во текот на вчерашниот ден во период од шест часа припадниците на Министерството за внатрешни работи санкционирале вкупно педесет и две лица на територијата на Општина Крива Паланка за управување со моторни возила со брзина над максимално дозволената.

– Педесет и два возачи возеле пребрзо на територија на Крива Паланка вчера. Во периодот од дванаесет до осумнаесет часот на подрачјето на Крива Паланка спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 52 возачи. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира портпаролот на Секторот за внатрешни работи Куманово, Ивана Младеновска.

Сообраќајната полиција од секторот за внатрешни работи Куманово врши интензивни контроли на безбедноста во сообраќајот на патиштата на подрачјето, со цел заштита на сите учесници во сообраќајот.

Санкционирани 109 возачи за непрописно престигнување

Вкупно 109 возачи се санкционирани за непрописно престигнување при вчерашната засилена полициска контрола спроведена од 07 до 12 часот, соопшти МВР.

Најголем број од санкционираните, 23, се од територијата на СВР Тетово, додека по 22 се од територијата на СВР Охрид и СВР Куманово.

Според МВР, непрописното престигнување е една од најчестите причини за сообраќајни незгоди со тешки последици.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, апелира МВР.

Казнети и исклучени од сообраќај 91 пијан возач

Вкупно 91 возач се санкционирани синоќа зашто возеле под дејство на алкохол, соопшти МВР.

Акцијата е спроведена синоќа од 21 од 03 часот на територијата на целата држава.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта., апелира МВР.

Кумановската полиција казнила 375 возачи на мотор, најмногу во јуни

Кумановската полиција од почетокот на годинава, до сега, изрекла вкупно 375 казни на возачи на мотори, најголемиот број од нив биле во јуни, соопштија денеска надлежните од СВР Куманово.

Според податоците на полицијата, најмногу казни се издадени на возачи кои управуваат мотори без да поседуваат соодветна заштитна опрема, односно кацига. Највисоката изречена казна за прекршок на возачи на мотори е непоседување на сообраќајна дозвола-нерегистрирано возило. Просечната возраст на возачи на мотори е од 14 до 30 години.

– СВР Куманово континуирано спроведува засилени акциски контроли и санкционирање на возачи на мотори доколку не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, велат од кумановската полиција.

Во однос на превентивни активности кои се однесуваат на учесници во сообраќајот-мотоциклисти, Отсек за превенција во соработка со мотоклуб „Мечки“, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и општинскиот, континуирано спроведуваат најразлични активности за подигнување на свеста кај учесници во сообраќај-мотоциклисти, за важноста од носење на заштитна опрема како и почитување сообраќајни правила и прописи, почнувајќи од ревијално возење низ градот на членови на мотоклубот и граѓаните со заштитна опрема и правилно и безбедно движење.

Од полицијата велат дека се спроведуваат презентации на јавни места „Безбедно на мотор“ и сообраќајни поуки кои се одржуваат на две недели и делење на рекламен материјал во сите населени места.

Преку училишни сообраќајни единици, наведуваат од СВР Куманово, ги едуцираат младите за правилно, безбедно и законско учество во сообраќајот по навршување на 16 години. Едукативно се работи со млади кои ќе се затекнат на јавни места. Безбедносни пораки и совети се постираат на фан-страна на ОСБСП Куманово. Во активностите се вклучени и кумановскиот Црвен крст со показни вежби на различни локации за последици при пад од мотор кога не се носи заштитна опрема, како и укажување на прва помош при повреди по пад од мотор.

Акциите на МВР продолжуваат, возете внимателно.

Санкционирани 168 возачи во Скопје, 66 за брзо возење

На територијата на Град Скопје вчера во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, беа изречени 168 мерки, од кои 66 за возење повеќе од дозволената брзина, а 14 за возење без возачка дозвола.

Министерството за внатрешни работи информира дека се изречени три прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се и осум санкции за користење мобилен телефон, 13 за возење под дејство на алкохол.

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението на МВР.