Десет лица загинаа, а има повеќе повредени откако автобус со косовски регистарски таблички утринава излета од автопатот кај Славонски Брод, соопшти хрватската полиција, а од македонското МНР потврдија за МИА.
Полицијата околу 6:20 часот добила дојава дека се случила сообраќајна несреќа на автопатот кај Славонски Брод, во близина на наплатните рампи, пренесе новинската агенцијата ХИНА.
Полицијата спроведува истрага на местото на несреќата.
Прво од одредени медиуми во Хрватска имаше информација дека автобусот бил со македонски регистарски таблички. „Јутарњи“, кој прв објави дека е македонски автобусот, потоа смени во „автобус со странски национални ознаки“. Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.