Ненад ЛАЗАРОВ
Фекалиите што ги собрале од рестораните и тоалетите кај Св. Наум ги истураат во грмушки на помалку од 100 метри од плажа. На местото каде што е најчистата вода од охридскиот воден систем – изворите Св.Наум кои се жариште на биолошката разновидност, строго заштитена зона, се случува најгрозоморното загадување на водата која важи за света.