Д-р Андон ЧИБИШЕВ

Владата интензивно се обидува што побрзо да ги донесе измените во Законот за легализација на марихуаната.
Морам да напоменам дека ризикот некој да заболи од хронична депресија или да се почне да манифестира анксиозност е поголем кај лица кои злоупотребуваат марихуана, бидејќи таа делува директно хемиски врз централниот нервен систем.

Покрај тоа, долготрајната употреба на марихуаната може да ја ослаби меморијата, како и да го поремети емоционалниот развој на личноста, а може да ја поремети и способност за концентрација, координација и перцепција.
Злоупотребата на марихуаната може да предизвика сериозни психички проблеми, а како најсеризно би ја навел дека можноста за манифестирање на шизофренијата е за 20 до 40 % поголема кај индивидуи кои ја злоупотребуваат оваа супстанција. Може да предизвика сериозни проблеми со работата на срцето.

Бидејќи ние немаме статистика за злоупотребата на марихуаната, светските искуства покажуваат дека марахуаната предизвикува зависност и дека е особено штетна кај младата популација на возраст помеѓу 14 и 20 години. Има статистички податоци дека голем процент од сообраќајните незгоди предизвикани од помлади возачи се резултат на претходната злоупотреба на марихуана.