Нашиот олимпиец во таеквондо, Дејан Георгеивски, освои сребрен медел во натпреварувањата во таекводно на ОИ во Токио.
Пред малку, во финалето тој загуби од светскиот шампион Ларин од Русија. На 22 секунди пред крајпт на мечот беше 15:9 за Ларин и тој резултат остана до крајот.
Сепак, 22-годишното момче од скопската населба Бутел го донесе нашиот најголем успех на овие олимписки игри.
Ова е момент кој треба да се памети. Македонското знаме ќе се вее високо, искоментира коментаторот на МТВ.
Видливо беше разочарувањето кај малкумината присутни на трибините од нашиот тим, но нема зошто.
Георгиевски ќе се врати во Македонија како херој и како момче кое во тие неколку минути успеа да ја „врзе“ Макеоднија пред ТВ екраните.
Ова е вкупно 14-ти медал за Македонија, ако се бројат и тие од времето на СФРЈ.
Во независна Македонија ова е втор медал за нашата држава. Првиот го освои борачот Могамед Ибрахимов, во 2000 година во Сиднеј.