(ФОТО) Голем пречек на Георгиевски на плоштадот во Скопје

/ 29.07.2021

Македонскиот олимпиец во таеквондо Дејан Георгиевски со олимпиското сребро на вратот, пристигна на плоштад Македонија, каде е организиран голем пречек.

Со големи овации Дејан, кој на Олимписките игри во Токио освои сребрен медал за Македонија во категоријата +80 килограми, беше пречекан од голем број лица.

Се веат македонски знамиња и се извикува неговото име. Нашето златно момче Дејан кој освои сребро на Олимпијадата помина под Триумфалната порта.

Граѓаните го поздравуваат свиркајќи од автомобилите и извикувајќи го неговото име.


Од истата категорија