Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ќе направат увид на реконструираната општа болница во Гевгелија.

Од владината прес-служба посочуваат дека се работи за новоизградена современа хируршка сала и набавка на медицинска опрема за салата за хирургија, центарот за дијабетес и одделот за физикална терапија.

По увидот на реконструираната болница предвидени се изјави за медиумите на премиерот Заев, министерот Филипче и директорот на болницата д-р Мите Крѓев.