Само 35 проценти од вработените граѓани во земјава земаат плата над просечната која сега изнесува 28.721 денари. Државниот завод за статистика од почетокот на годината забележува постојан раст на просечната плата што најмногу се должи на растот на платите во ИТ индустријата и фармацијата. Но, според податоците вработените во голем број дејности земаат плати под просекот. Текстилната и кожарската индустрија и натаму со најниски плати кои во просек изнесуваат 17.570 денари, по нив следуваат платите во рестораните, кафулињата и други дејности поврзани со храна каде месечните примања се движат околу 18.780 денари. На вработените во образованието, во уметноста, или во производството на прехрамбени производи платите им се движат од 20 до 27 илјади денари.
Државен завод за статистика:
-Производство на облека и кожа – 17.570 денари
-Дејности за подготовка на оброци и служење храна – 18.780 денари
-Туристички агенции – 19058 денари
-Производство на прехрамбени производи – 22.481 денари
-Уметност, забава и рекреација – 26.969 денари
-Образование – 27.736 денари
За да се намали големата разлика на платите потребно е почитување на колективните договори И засилени контроли од инспекциите посочуваат од Сојузот на синдикати.