На утринската седница на групата за процена составена од директорите на разузнавачките, контраразузнавачките служби, директорот на Бирото за јавна безбедност, како и директорите и замениците директори на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) едногласно се одлучило дека нема потреба од прогласување кризна состојба во државата поради пожарите.
– По опсежна расправа по разгледување на актуелната состојба со пожарите, едногласно одлучивме дека нема потреба од прогласување кризна состојба, но ќе бидеме во постојано заседание и доколку работата тргне на полошо набрзина ќе одржиме седница на која ќе побараме да биде прогласена кризна состојба на дел од територијата на државата, онаму каде што е зафатена со пожар, информира на денешната прес-конференција в.д. директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.
Оваа одлука ја донеле поради неколку причини – прво бидејќи претседателот Стево Пендарвски во текот на вчерашниот ден даде наредба за уптреба на Армијата и тоа на копнените сили не само на воздухопловниот ВИНГ, така што благодарение на одредени законски и подзаконски акти и во овој момент можеме да ги користиме сите расположливи ресурси на Армијата. Воедно, додаде Ангелов, и каналите за добивање меѓународна помош се отворени и добро функционираат и без прогласена кризна состојба.