Родилката имала 29 години и починала на Инфективната клиника во Скопје со компликации поврзани со ковид. Претходно била породена во седмиот месец на бременоста, а бебето е во инкубатор.
Родилката немала коморбидитети и не била вакцинирана против ковид-19.
Таа е од Куманово, а кога состојбата се влошила, таа побарала помош во кумановската болница. По сериозните компликации била препратена на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Пет денови се лекувала во кумановската болница и три на ГАК.
По порадувањето, била префрлена на Инфективната клиника во Скопје. Починала синоќа.