Ова е разговор на директорката на американскиот Центар за контрола на болести и превенција (CDC), Рошел Валенскаја, за Си-Ен-ен со Волф Блитцер, еден од новинарите на американскиоиот естаблишмент. Таа е вториот човек во САД во справувањето со САРС КОВ 2 пандемијата, по Антони Фаучи. Во овој сегмент, тие разговараат за тоа дали вакцинираните можат да се заразат со вирусот и да го пренесат на други, вклучувајќи ги и невакцинираните.
Разговорот доаѓа во услови кога во САД бројот на заразени надминува 100 000 на дневно ниво (освен вчера кога имаше нешто над 60 000, но и таму како и кај нас, за време на викендот бројките на позитивни опаѓаат бидејќи помала е бројката на тестирани), а бројот на починати на дневно ниво пред два дена достигна 751 лице. Тоа е многу, но на милион жители тоа е смртност од нешто над две лица дневно.
Властите за ова ги обвинуваат невакцинираните, тие пак ги обвинуваат властите, но во САД нема конкретни податоци за тоа колку од новозаразените биле вакцинирани и колку од нив починале. Главната расправа таму е околу желбата на Фаучи и Валенскаја да се спроведе задолжително носење маски, што наоѓа на силен отпор.
Помал дел од општеството смета дека проблемот со невакцинирните или со дел од нив е во тоа што вакцините не се безбедни и се на експериентално ниво, штоиндиректно го признава самата Валенскаја.
Подготовка: Денешен.мк
ВОЛФ БЛИТЦЕР: …Дали не е подобро да се даде објаснување на луѓето кои се вакцинирани, што можат да очекуваат?
ВАЛЕНСКАЈА: Имаме 164 милиони луѓе ки се целосно вакцинирани (САД имаат 330 милиони жители, н.з.). При толкава бројка, можеме да очекуваме десетици илјадници заразени, но најважно е што инфекциите меѓу вакцинираните се со средна клиничка слика на болеста, тие не биваат хоспитализирани и немаат смртност и тоа е најважното што треба да се разбере. Имаме огромен број вакцинирани и тие инфекции меѓу нив не водат кон тежок развој на болеста.
БЛИТЦЕР: Дали тие кои се целосно вакцинирани можат да го пренесуваат вирусот? На пример, на нивните деца или на повозрасните посебно на тие кои спаѓаат во ризичната група?
ВАЛЕНСКАЈА: Да, кога станува збор за делта варојантата на корона вирусот и тоа е причина што ги сменивме препораките. Вакцините дејствуваат извонредно кога е во прашање заштита од тежок развој на болеста и од смрт, но тие не ја спречуваат трансмисијата на вирусот од вакцинираните кон другите. Значи, ако одите дома и имате членови кои не се вакцинирани, ако некои не смеат да бидат вакцинирани, ако некој член на семејството е имунокомпромитиран или има коморбидитети кои го ставаат во ризичната група, би советувала, таа личност да носи маска во затворени јавни места.
БЛИТЦЕР: Значи ако сте целосно вакцинирани, а се заразите со вирусот, односно немате никакви симптоми и сте целосно асимптоматски случај, сепак тие лица можат да го пренесат вирусот на некој друг. Дали е тоа точно?
ВАЛЕНСКАЈА: Токму така. Затоа е и препораката и за нив да носат маски!
БЛИТЦЕР: Новата стратегија е дека треба трета доза од вакцините, таму некаде од почетокот на септември. Кој треба да ја прими таа трета доза која би имала функција на засилувач?
ВАЛЕНСКАЈА: Гледајќи во податоците од теренот, од групите кои се вакцинирани како и податоците од клиничките испитувања, на пример, од здравствените работници кои беа вакцинирани меѓу првите, работиме заедно со ФДА и ќе излеземе со план на почетокот од септември.
БЛИТЦЕР: Дали дотогаш, сегашната дозвола за итна употреба на вакцините (што ги прави нив да го носат статусот на експериментални, н.з.) ќе биде сменета со редовна дозвола?
ВАЛЕНСКАЈА: Тоа зависи од ФДА, но знам дека работат напорно за да се добие комплетна дозвола за вакцините, бидејќи има многу луѓе кои ја чекаат целосната дозвола за да се вакцинираат.
БЛИТЦЕР: Од тоа што го гледаме во Израел, Германија, В. Британија, веќе се подготвуваат или веќе ја даваат третта доза. Дали ние можеме да го антиципираме тоа тука во САД?
ВАЛЕНСКАЈА: Имаме комуникација со тие земји, ги разменуваме податоците, а потоа носиме наша независна одлука.