Москва не планира да ја евакуира својата амбасада во Кабул додека талибанските борци се пред   главниот град на Авганистан, изјави Замир Кабулов, портпарол на Министерството за надворешни работи на Русија.

– Не е планирана евакуација, рече Кабулов нагласувајќи дека одржува „директен контакт“ со рускиот амбасадор во Кабул. Персоналот на амбасадата продолжува да работи, додаде тој.

Русија е меѓу земјите што добија гаранции за безбедност од талибанците за нивните амбасади, додаде Кабулов.

– Ги добивме овие гаранции пред извесно време. Русија не е единствената што ги доби, изјави тој.

Портпаролот на талибанците Сухаил Шахин изјави дека тие имаат „добри односи со Русија“ и „заедничка политика за безбедни услови за функционирање на руските и други амбасади“.