Ѕвездата од американските реални шоуа, Ким Кардашијан повторно се сретна со претседателот на САД, Доналд Трамп, неговата десна рака Иванка и нејзиниот сопруг Џеред Кушнер. И овојпат, како и пред три месеци, нејзината мисија е ослободување затвореник.
Сега се работи за помилување на Криса Јанг, уапсен во 2010 година и осуден на доживотен затвор за поседување марихуана. Ким смета дека тоа е престрога и сурова одлука.
– Тоа не е чесно. Тој има 30 години, а в затвор минал веќе 10 години, изјави таа.
Претходната ваква мисија на Ким заврши успешно: Трамп ја помилува затвореничката за која таа се заложи