Тренерот на Интер, Симоне Инзаги го коментираше дебито на Хоакин Кореа на натпреварот во Серија А од второто коло против Верона (3:1).
– Добро се подготвивме за овој натпревар. Немавме многу време за Џеко и Мартинез да тренираат заедно, но Лаутаро се опорави и навистина е инспириран. Кореа, Маријано Сатријано и Стефано Сенси се подготвени да ја напуштат клупата. Навистина ми се допаѓа Кореа, го познавам многу добро, тој е шлаг на тортата за овој тим. Ќе придонесе многу во Интер, изјави Инзаги за „Скај Спорт Италија“.
На 26 август, Интер го објави закупот на Кореа од Лацио со задолжителна опција за откуп. На натпреварот против Верона, 27-годишниот Аргентинец постигна два гола.