Европската Унија повторно ќе ја стави Македонија на „црната листа“ за патување, поради растот на новозарезени. Веста за агенцијата Ројтерс ја потврдиле двајца дипломати на Унијата.
Меѓу земјите за кои ќе се вратат ограничувањата се и САД, Косово, Израел, Црна Гора и Либан, пренесува Канал 5.
Процедурата за одлуката започнала денеска, а се очекува да биде потврдена во понеделник доколку ниту една земја-членка на ЕУ не ја блокира.
За македонските граѓани одлуката ќе значи дека повторно ќе се соочуваат со големи ограничувања при туристички, односно т.н. не-есенцијални патувања во ЕУ. Некои земји можат целосно да ги забранат, а некои можат да наложат обврзувачки карантин при пристигнувањето.
Македонија овој период има има над 1.000 новозаразени дневно. Според бројот на починати, Македонија е на врвот на црната листа во Европа и далеку над просекот на смртност во споредба со останатите земји од регионот. Вчера во земјава беше регистриран нов црн рекорд со 36 починати, меѓу кои и 24 годишен пациент од Ресен..