Претседателот на ДУИ, Али Ахмети упати драматичен апел за вакцинација, откако само последните 24 часа како последица од Ковид починале тројца од неговиот близок круг на познаници, меѓу кои и 33 годишна жена.

Претседателот на ДУИ Али Ахмети упати апел до сите граѓани да не се двоумат и да се вакцинираат, а изрази и сочувство до семејствата на починатите од корона вирусот. Тој на Фејсбук напиша дека секојдневно добива вести за негови блиски кои ја загубиле борбата со овој вирус и замоли за висока граѓанска одговорност, семејна и индивидуална свест. Ахмети вели дека тој и неговото семејство се вакцинирани од мај оваа година.

„Секојдневно добиваме сериозни вести од најблискиот круг, синоќа починаа членови на моето семејство, братот на мојот пријател Бекир Асани заедно со неговата 33-годишна ќерка, братот на мојот пријател Невзат исто така.Изразувам најдлабоко сочувство до сите членови на семејството кои го загубија животот од овој подмолен вирус и апелирам за масовна ВАКЦИНАЦИЈА и почитување на мерките, дистанца, маска, хигиена.“ – напиша Ахмети.