Прилогот е на „Фокс 32 Чикаго“, медиум кој објавува своја сторија за тоа дека возачи на училишни автобуси кои не сакаат да се вакцинираат, а мораат бидејќи превезуваат деца, поднеле оставка. Но во рамки на прилогот се емитувани и снимки од училиште, односно училница во Чикаго, на која се гледа на која растојание се клупите за по едно дете.
Кај нас, Царовска ќе ја почне наставата со по 30 деца во една училница. При таква концентрација на деца, ниту наставниците ќе можат целосно да одржуваат ред, ниту децата ќе издржат постојано со маските, а впрочем, ако маските сами доволно штитеа, немаше да има потреба од одржување на растојание меѓу луѓето.
Како и да е, ова е уште доказ за потенцијалната катастрофата во која Царовска ги води децата.