Мнозинството луѓе во САД веруваат дека Вашингтон не успеа да ја постигне својата цел во Авганистан. Ова покажува социолошка студија на Институтот Пју, јави ДПА. Има мала разлика помеѓу ставовите на демократите (69 проценти) и републиканците (70 проценти), кои веруваат дека американската мисија е неуспешна.
Постојат јасни разлики во проценката за целосно повлекување на американските војници од Авганистан: 70 проценти од демократите го поддржуваат, но републиканците – само 34 проценти.
Вкупно 54 проценти од возрасните во САД веруваат дека одлуката за повлекување на војниците е правилна, а според 42 проценти е погрешна. Анкетирани биле 10.348 возрасни лица во периодот 23-29 август.