Голема благодарност до овој екипаж, како и до U.S. Department of Defense (DoD) и Peter Rowell што сторија се’ денеска навреме да стигнам од Неапол на седницата на Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието.
Ова денеска го изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, која натаму во објавата на нејзиниот официјален профил на Фејсбук пишува:
– Комисијата само што ги помина измените на Законот за управување со кризи со кои се уредуваат сите прашања поврзани со единствениот телефонски број „112“ за сите видови кризи и потреби од помош на населението, предложен во Собранието на 1 јуни оваа година, објави Шекеринска на Фејсбук.
Таа вчера објави повеќе статуси на Фејсбук за незјината посета на седиштето на НАТО во Неапол во Италија.