Извесен Милош Трајановски од Охрид, вработен во АНБ Скопје наводно бил во автомобилот со Зоран Милески – Кичеец за време на сообраќаката која денеска се случи на магистралниот пат Кичево-Гостивар, велат полициски извори за „Нетпрес“.
Во сообраќајната несреќа едно лице загина, а седум се повредени, од кои четири потешко, поради што се пренесени на Клиничкиот Центар во Скопје.
За тоа како Кичеец се нашол на слобода официјално од Управата за извршување на санкции велат дека тој користел 30 дневно отсуство од затвор поради неодложни лекарски прегледи.
Милески казната затвор ја издржува во отвореното одделение во затворот во Струга.
Тој е осуден на три години затвор, откако во декември 2019 година го призна делото за случајот „Рекет” – примање награда за противзаконито влијание.
За сообраќајката, со ФБ се огласи и Фросина Ременски. И таа зборува за сопатникот на Кичеец за кој пишува Нетпрес, покрај двајцата Срби кои биле во мерцедесот, за кои извести и МВР.
Еве што пишува Ременски:
„На Зоран Милевски – Кичевецот олеснителна околност ќе му е биде 30-дневниот отпуст за негов лекарски прегледи…, или (пардон) за мајка му (?!), па брзајќи учествуваше како возач во сообраќајна несреќа со смртни последици (не тврдам дека некој, па ни тој, сакал да се случи)
-Прашувам, зошто очигледно олеснителна околност за “рилакс бизнис-казна” доби откако “на дада му Вилма и’ кажа каде се парите на Камчев од … ЛВ-торбата”!
-И српските бизнисмени што му беа совозачи и киднаа, “за да не ги фане законо” сигурно имаат олеснителна околност – не возеле, туку Кицевецот ги возел!
-Чекам да видам каква “олеснителна околност” ќе добие неговиот “бодигард во слободно време” од АНБ. Охриѓани викаат дека, се заборавал дека, “не е веќе шериф од УБК/МВРО”. Ќе почекаме има време. Очекувам до тогаш да “ускочи батко-Џони, секретарката или изворот на Вилма”, да го оправдаат дека, “Мики бил на тајни задатак и има дебело алиби”!
– Маестро Дурловски кога во одбрана на Камчев пишува дека, “тој срушил институција (СЈО)”, треба да знае дека, во опера можеш и да згрешиш и никој да не забележи, зошто не сите што слушаат опера знаат како треба да звучи операта. Но, кога се “руши институција”, тогаш “дада-Вилма (другарката на Џони) не може да биде репер за право”! “И сообраќајката, и рушењето на СЈО и рекетарската опера (очигледно) имале удбашка логистика во кираџии и куче-шетачи”
-Твитер е поиновативен од интересот на медиумите да се истражи случајот до крај.