Свечената програма по повод 30-годишнината од независноста започна од 17, 15 часот пред Собранието на државата која јубилејот го прославува криејќи го своето вистинско име, но криејќи го и новото фалсификувано име изгласано со уцени, закани, затворања и притисоци.
Симфонијата „Убави денови“ ја изведува Филхармонијатакоја исто така нема свое име под диригентската палка на Бисера Чадловска.
Веднаш потоа ќе започне делот свечено дефиле пред Собранието кое наводно ја отсликува нашата држава, нашата мултикултурна традиција и нашата европска определба, институциите на државата и граѓанскиот сектор, оружените сили, здравството, пожарникарите, земјоделието, индустријата, спортот и културата, како приказ на нашето општество денес, еднакво за сите граѓани.
Нема да има дефиле за олигарсите кои ја отсликуваат нашата држава, за стотиците мртви работници кои умреа како псоледица на осиромашувањето, за криминалните политики, за нафатираните политичари, за корумпираните институции, за 6-те илјади мртви од корона вирусот…. нема да има дефиле за уште стотици други работи кои исто така ја отсликуваат државата која иам две имиња, а и двете на оваа прослава ги крие, освен во говорите што следат кога веројатно ќе има натпревар во тоа кој повеќе пати ќе ја спомне „Северна“.
Церемонијалниот дел на програмата за одбележување на 30-годишнината од независноста (во 18:30 часот) ќе започне со изведба на уметнички акт на Филхармонијата која исто така нема име сочинет од изведба на Бетовеновата „Ода на радоста“ со вокалните солисти од Националната (а не Македонската) опера и балет Ирена Кавкалевска – мецо сопран, Катерина Стојановска – сопран, Ѓорѓи Цуцковски – тенор и Кристијан Антовски – бас, со вклучена кореографија на учениците од балетскиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“.
Овој дел од програмата ќе се затвори со неизбежниот во последно време протагонист на Северна – Влатко Стефановски.
Програмата по повод 30 години од независноста потоа продолжува со обраќањата на Стево Пендаровски, на Талат Џафери (видео обраќање) и со обраќање на Зоран Заев.
Веднаш потоа ќе започне музичката програма (19:30 часот) со изведба на музички сплет од познати нумери специјално аранжиран за оваа пригода, отпеан на јазиците на седум етнички заедници кои живеат во државата, во изведба на Вера Милошевска – Јосифовска, Јехона Шакири, Елеонора Мустафовска и Минела Богдановиќ, во продукција на Димитар Димовски.
Во рамките на културно-уметничката програма потоа следува аудиовизуелниот перформанс реализиран врз зградата на парламентот, со наслов „Минато, сегашност, иднина“ на Емил Петров, Петар Џон и Глигор Постоловски.
Во завршниот дел на музичката програма е предвидена изведба на забавни песни што ќе ги исполнат Мики Јовановски Џафер, Никола Перевски Пере, Тамара Тодевска, Дешира Ахмети, Џон Илија Апелгрен, Ристо Вртев, Светлана Јовановска, во придружба на Филхармонијата на Македонија како и инструменталната изведбата на албанската народна песна „Бареша“.
Предвиден е и свечен огномет.