Тројца обвинители од Основното јавно обвинителство во Тетово и двајца обвинители од скопското Јавно обвинителство се вклучени во увидот на модуларната болница во Тетово каде вечерва избувна пожар.
– Тимот од петмина обвинители, заедно со екипи од надлежните институции, ги преземаат сите дејствија во насока на утврдување на причините за настанатиот пожар, информира вечерва Јавното обвинителство на Македонија.