Две негувателки од прилепските детски градинки се позитивни на ковид-19, по што вкупно 30 деца се ставени во 15-дневна изолација. Дваесет и едно дете е на возраст од две до три години, додека девет се на возраст од три до шест години, пренесе Нова Македонија.
Орце Тодороски, директорот на ЈОУДГ „Наша иднина“ вели дека во шестте градинки се почитуваат сите препорачани здравствени протоколи и во моментов нема место за паника.