Не мора цела Влада да даде оставка, Премиере, мораш само ти, му порача поранеешниот дипломат и политички аналитичар Арсим Зеколи на премиерот Зоран Заев.

Зеколи му ги набројува трите најголеми причини за оставката на Заев, што се случија само во еден месец:

-Не мора цела Влада да даде оставка, Премиере. Мораш само ти. На прво место за живи луѓе во пламен. На второ за пожарите додека се сончаше. На трето, скандалот со разузнавачи дипломати.
И сето ова во рок од еден месец. Оставка! Оди си!, објави Зеколи на Твитер.

Зеколи е поранешен македонски амбасадор во Виена.