Данела Арсовска, независен кандидат за градоначалник на Скопје, која ја доби поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју за Женски магазин раскажува за најтешката битка во нејзиниот живот. Ова е извадок од тој дел на интервјуто:
Велат дека човекот што поминал низ многу предизвици е силен во карактерот. Малкумина знаат дека вашиот најголем предизвик се борбата со ракот и здравјето на вашиот син…
– Да, тоа беа многу тешки години за мене и моето семејство. Борбата со тешка болест, а едновремено борбата која ја имавме за животот на нашиот син. Ништо не ме формираше повеќе како личност како тој период. Велат дека секоја битка нè прави посилни. Пораснав не само како мајка, туку и како личност. Во тие моменти еден збор не е дозволен – откажување. Мора да размислувате прецизно и да се надминат емоциите за да се донесат одлуки кои значат живот. По се што помина, емоциите се дозволени и тие се присутни постојано. Борба за својот живот и за животот на своето дете во еден момент се премногу голем товар, но сега велам ако не изгубив во таа борба, нема никогаш да изгубам. Научив да се борам и научив дека се е можно ако се борите и никогаш не се откажете.
Целото интервју можете да го прочитате на следниот линк