На пописот што е во тек во Македонија досега како Бугари се изјасниле само 72 граѓани, пишува поранешниот конзул на Бугарија, Иван Анчев, во во текстот за „Фактор.бг“.

– Ако во Македонија за Бугари се определат само 1.000 луѓе тоа би не лишило од секакви аргументи во дијалогот со властите во Скопје, вели Анчев.

Очигледно Анчев е разочаран од резултатите од досегашниот попис:

– Седумдесет и двајца.При 130.000 бугарски пасоши издадени на северномакедонски граѓани. Сите тие баратели на пасош кои не мора да ги наречам Бугари, пред нотар, се декларирале дека имале бугарска свест и пополниле декларација со неточно податоци кое потпаѓа под членот 313 од Кривичниот законик на Бугарија, вели бившиот конзул Анчев.