Кирил Пецаков, кандидат за градоначалник на општина Охрид на ВМРО-ДПМНЕ, во обраќањето на вечерашниот митинг во Охрид ја најави како што рече, без нималку двоумење, победата и мнозинствотво во Советот на Градот Охрид.
„Охрид е лулка на ВМРО и стожерот на Македонија, нашата сила е во тоа што сме сите заедно, народот е нашата сила. Имаме план за Охрид како да се развива во следните години. Ние сме тие кои имаме обврска да ја градиме светлата иднина на Охрид, гарантираме проекти за промени и победи. Град во кој младите треба да го гледаат својата иднина, град кој треба да блесне со сиот свој сјај, град атрактивна туристичка дестинација. Ќе го направиме еконосмки силна општина со сериозни проекти и инвестиции, со буџет креиран од страна на граѓаните согласно нивните потреби, ќе се бориме за секое работно место, нови инвестиции, индустриска зона во која локалните компании ќе најадат интерес и за отворање на нови работни места со што ќе се сопре ислеувањето. Ќе ја подобриме инфрастуктурата, ветувам изградба на ново модерно основно училиште, изградба на градинка, поддршка за спортот и спортските клубови, нови мултифункционални современи игралишта“, рече Пецаков.
Кандидатот за градоначалник вети и поддршка на угостителскиот сектор посебно во справување со пост ковид последиците, за сите ко се занимаваат и живеат од туризмот, поттикнување на здравстевен туризам, поддршка на културни и верски манифестации.
Охрид, рече Пецаков, ќе биде безбеден град, а по победата приоритет ќе биде реконструкција на инфраструктура, а капитални проекти ќе има во целиот мандат.
„Промените, проектите и победите се гледаат. Главата горе охгриѓани, ние одлучуваме. Не смееме да останеме заглавени во хаосот создаден од актуелната власт. Ние нудиме нов почеток, замена на апатијата со надеж и активост. Гарантирам знаење, отчетност, чесна и транспарентна работа. Сега треба да застанеме цврсто, гордо и достоинтвено. Победата на 17 октомври е тука и наша уште во првиот круг. Охрид ќе има раководство необременото со хипотеки и пазари, приоритет ќе бидат граѓаните. Од Охрид ќе започне промената“, порача Пецаков.