Зборувајќи пред охриѓани обединети под слоганот „Создади нова иднина“ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски синоќа од Охрид им се обрати на гласачите Албанци.
Мицкоски истакна дека не само што Зоран Заев се однесува кон Албанците како кон нешто што може да се поседува, туку дека и политиката кон заедниците уште од почетокот на македонската државност, веќе триесет години, се гради погрешно.
-Зоран Заев кон вас се однесува исто како и кон Македонците и мисли дека може да ве поседува кога тој и Ахмети ќе одлучат. И сакам тука да бидам брутално искрен. И не е само Заев крив, тука во тој однос на политиката кон заедниците се згреши на почетокот. Сите ние со годините си градиме свој патриотизам, и еве не триесет години стоиме во место. Тапкаме без напредок, иако и Македонците, и Албанците и Турците и останатите си ги пакуваат куферите да си заминат. И во исти соништа и веруваме. И не поради тоа што не се разбираме едни со други. Обичниот човек одлично се разбира, туку конфликтите доаѓаат кога политичарите за свои лични интереси го раскаруваат народот и му наметнуваат поделби. Сведено на денешната политика тоа е кога Заев во зборови е одличен разбирач на проблемите на Албанците, а во пракса не прави ништо за рушење на ѕидовите. Кога ќе му загинат 14 луѓе во Тетово како мува без глава ќе избега низ ходникот на болницата, партнерски со ДУИ, затоа што не можат да го погледнат народот во очи. А болката е подеднаква за сите, рече Мицкоски.