Скопје, 11 септември 2018 (МИА) – Претседателот на Косово Хашим Тачи утре ќе престојува во работна посета на Македонија и ќе има средба со премиерот Зоран Заев.
Владината прес-служба вечерва соопшти дека средбата во Владата ќе биде утре претпладне. Заев и Тачи ќе имаат тет-а-тет средба, по што ќе следува и билатерална средба на делегациите на двете земји.
По завршувањето на средбата ќе следуваат изјави за медиумите на косовскиот претседател и македонскиот премиер.