Љубомир ЦУЦУЛОВСКИ на својот ФБ профил:

БЕДА БЕЗ ДНО. Што може да се очекува од некоја академија на науки и уметности, ако во нејзиниот прв ред се сместиле домашни и странски политичири? Што може да се очекува освен несфатлива човечка и духовна беда? Денес, во МАНУ, се случи токму тоа – научниците и уметниците, седнати во задните редови, станаа ученици/послушници на политичарите. Оттука, не може ни да се замисли да бидат еден покрај друг Блаже Конески и Ацо Шопов, од една страна и, од друга страна, Камбовски или Таки Фити, бидејќи помеѓу првите и вторите не постои провалија, туку бездна. Тоа се два паралелна света, помеѓу кои не постои никаква допирна точка, макар таа точка била самото дно.