Репрезентацијата на Бразил синоќа во квалификацискиот циклус за Светското првенство 2022 одигра нерешено 0:0 против Колумбија. За дефанзивецот на „кариоките“ Тијаго Силва, овој натпревар беше јубилејни, 100. во националниот тим.
Во текот на стоте натпревари, 37-годишниот Силва постигна седум гола, направи три асистенции и заработи 12 жолти картони.
Мечот во Баранкилја е прво реми за Бразилците во 10 кола. Тие со 28 бода се први на табелата во групата Јужна Америка, додека Колумбија со 15 поени – е петта.