Во тек е трка за вооружување меѓу Русија и САД, што почна откако Вашингтон се повлече од Договорот за ограничување на системот за противракетна одбрана, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.
– За жал, во тек е трка за вооружување. И започна по повлекувањето на САД од Договорот за ограничување на ракетниот одбранбен систем, рече Путин. Тој нагласи дека Русија не прекршила ниту еден договор ниту се повлекла од кој било, пренесува ТАСС.
– Ова го направија нашите американски партнери и со цел да се ослободат од одговорноста, тие сега покажуваат со прст кон нас, додека медиумите ја надувуваат приказната во интерес на оние што ги плаќаат, рече Путин на пленарната сесија на Форум – Руска енергетска недела.
Тој, исто така, посочи дека бил изненаден од реакцијата на САД на фактот дека Русија развила хиперсонично оружје.