Пред две недели Владата склучи договор за набавка на 40 лаптопи и 40 компјутери, како и компјутерска опрема и сервери, за кои ќе потроши 116.000 евра.

Договорот, како што објави Фокус, е потпишан од генералниот секретар Мухамед Зеќири, а добитник на тендерот е Друштво за компјутерски софтвер, консалтинг, посредување, производство, трговија и услуги ИТ СОЛУТИОН М од Долна Бањица, Гостивар.

Од Владата посочуваат дека компјутерите биле потребни за вработени во Генералниот секретаријат и во канцеларијата на премиерот Зоран Заев.

Според објавените податоци на сајтот на Бирото за јавни набавки може да се види дека на тендерот учествувале четири компании.

-За набавката на персонални и преносни компјутери четири понудувачи имаат поднесено понуди. Во фаза на евалуација двајца понудувачи се поканети на електронска аукција, останатите двајца се отфрлени.

По завршување на електронската аукција даден е предлог за избор на најповолната понуда, велат од Владата.

Падатоците од Централниот регистар покажуваат дека фирмата која го „лапна“ тендерскиот колач била регистрирана во мај 2020 година.