Ноќта пред изборите не се бираат начини да се дојде до власт .Она што претходно го пишувавме за Гевгелија каде во поткупот е вклучен началник на МВР од Струмица, сега добива потврда, пишува скопска Република.

Полициско „Јети“ го предводи конвојот од автомобили низ уличките во Гевгелија каде по куќи на сиромашни гевгеличани даваат поткуп.

Република емитува и видео со кое, како што тврди, се поткрепуваат наводите за поткуп.

Порталот Курир пак пишува дека вечерва и изминатиов период сите сме сведоци на невидени притисоци, закани и поткупи ширум целата Република.

На овие нерегуларности никој не смее да остане имун, особено меѓународните набљудувачки мисии во Македонија како и сите граѓани.

Она што сигурност може да се каже е дека во 30 години независност на Република Македонија ваков масовен предизборен поткуп и вакви предизборни нерегуларности не се случиле, истакнува Курир.

Во наредниот период МВР и Обвинителството ќе имаат полни раце работа, се со цел расветлување на овие нерегуларности, а и за во иднина да не се случуваат вакви дејанија, се разбира доколку сакаме напред по евроатланскиот пат.

Според порталот, предизборен поткуп се случува во Демир Капија, Ресен, Гевгелија, скопската населба Даме Груев итн.