Кабинетот на премиерот Зоран Заев негира дека доставувањето на неговата оставка до Собранието нема да се одолговлекува до декември.

Не е точно дека планот на премиерот е да ја одолговлекува оставката до декември. Оставката е јасен чин на преземање одговорност, велат од Кабинетот на Заев.

Реакцијата доаѓа по бројните информации од помалите коалициски партнери дека тие имало вакво барање на вчерашниот состанок во Владата.

Два дена по неговата најава за повлекување од премиерската функција, оставката на Заев сѐ уште не е испратена до Собранието за да биде констатирана. Од моментот на доставување на оставката почнуваат да течат роковите за одредување нов мандатар  за формирање на нова Влада.

Освен од премиерската, Заев си поднесе оставка и од функцијата претседател на СДСМ.