Сомнеж за организирана мрежа за рекет, составена од истражители на АНБ кои биле отстапени на обвинителството, а која уценувала познати скопски бизнисмени, доведе до акција на органите ан прогонот во СКопје, пишува Нетпрес,

Според Нетпрес, луѓе од АНБ креирале фиктивни кривични пријави и со истите биле уценувани познати сопственици на компании. Еден од нив настапил со обележани пари.

Порталот тврди дека е приведено лицето Михаил Младеновски кој настапувал пред уценуваните жртви. Истиот е уапсен во ресторанот Оливе во Карпош со 5 илјади евра поткуп.

Воедно, според Нетпрес, во таквата мрежа бил вклучен и истражителот Вилијам Шекл.


Истражителите на обвинителството ја користеле својата позиција и линковите со АНБ за да бидат уценувани жртвите.

Во моментот Вилма Рускоска бара запленување на компјутерите на вклучените лица од АНБ, на што се спротивставувал директорот Виктор Димовски. Во повидок е нов скандал во кој се вклучени лица од разузнавањето и власта на СДСМ, пишува Нетпрес.

Пренесувајќи го текстот на Нетпрес, скопски Курир наведе дека побарал одговор о ВР за овој случај, но засега нема реакција од Министерството.