Златко Ориѓански, кој се занимава со музика, и кој настапуваше во неколку кампањи на СДСМ, е директор на новиот Културно-информативен центар на Македонија во Тирана.
На функцијата е именуван со одлука на Владата на Заев во јули 2019 година.
Постот очигледно му се однесува на вчерашната средба на неколку опозициони лидери и генерални секретари по што беше објавено новото парламентарно мнозинство.
Претходно, тој веројатно алудирајќи на Заев, напиша:
„Човекот имаше прелрасни намери, ама за жал, некаше со кого да ги оствари. Ќе талкате уште многу години како глуви кучиња, жедни во пустина, загубени, алчни, љубоморни и пакоси, сонувајќи бистра вода и нови светови“.