Силно невреме во некои делови на југоисточна Кина донесе рекордни снежни врнежи.
Во градот Шенјанг во провинцијата Лиаонинг просечната висина на снежната покривка достигна 51 сантиметар, што е најголема количина снег забележана во последните 116 години, односно од 1905 година.
Во соседна Монголија едно лице загина, а снежните врнежи погодија повеќе од 5.600 луѓе.
Метеоролозите велат дека снегот наеднаш го покрил градот Тонљао. Вкупно 27 црвени аларми за снег беа издадени во внатрешноста на Монголија и североисточна Кина.
Студениот бран ја зафати земјата во неделата, а температурите се намалија за најмалку 14 степени во некои делови од североисточна Кина.
Железничките и автобуските станици се затворени, освен оние во градовите Далиан и Дандонг.
Властите прават напори како да се овозможи загревањето на домовите.
Зголемен е увозот на јаглен и максимално е зголемено производството на енергија. Од продавниците е побарано да ги зголемат залихите на храна и да ги намалат цените.