Последните анализи на Министерството за здравство се дека за 5 години стапката на смртност кај предвремено родените бебиња е намалена за 16%. Денеска е светски ден посветен токму на овие бебиња, а докторите го искористија за апел до сите трудници да прават редовни прегледи за да се спречат предвремените породувања.
-8,9% е смртноста оваа година до 15 ноември на Клиниката за разлика од 25% која што беше во 2016 година. Овој ден го одбележуваме баш за тоа – да обрнеме внимание и на превентивата кај бремените жени бидејќи тоа е најбитно за да го намалиме бројот на предвремено родени деца.“-Викторија Јовановска, директорка на ГАК .
Најтешките случаи се во рацете на персоналот од Детска клиника. Досегашните искуства покажуваат дека 25% од предвремено родените деца имаат потешкотии во лекувањето до нивната 3-годишна возраст.
„Останатите 75%, особено со новите техники за механичка вентилација кои се повеќе од неинванзивен карактер, некако многу полесно нивните органи дозреваат од една страна а и не ги оштетуваме, што значи дека успехот е навистина и во тој дел многу поголем.“- Аспазија Софијанова, директорка на Клиника за детски болести.
Секоја година една четвртина од вкупниот број живородени бебиња во Македонија се раѓаат предвреме. Министерот Филипче истакна дека земјава бележи значајни резултати во однос на третманот на родилките и бебињата и вети понатамошни дополнителни инвестиции и во опрема и во експертиза.